– Пред се, јас сум горда на своето дете. Мене не ми треба слава, мене сите ме знаат и тоа подолго од некои други.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2019 18:19

СЕВЕРИНА : ОЧЕКУВАВ СЕ, НО ОВА НЕ – СЕГА НЕ МИ Е ПОВЕЌЕ СТРАВ, горда сум на своето дете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку денови хрватската пејачка Северина Којиќ го изгуби спорот за старателство над синот, со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Судството донесе привремена мерка и одлучи малиот Александар да живее со таткото. Северина вели дека првата година Милан воопшто детето не ни го видел.
Хрватската пејачка беше во шок од ваквата одлука и за медиумите истакна дека наводно новинарката Татјана Војтеховски му помагала на нејзиниот поранешен сопруг, бизнисменот Милан Поповиќ за да ѝ го одземе синот на Северина.

Во интервју за Јутарни Лист, пејачката за прв пат прозбори за ситуација со нејзиниот син: 

– Очекував се, но ова не. Навистина, се плашев, особено по последното рочиште и исчекувањето на одлуката беше најлошо. Но, сега веќе од ништо не ми е страв.

Во животот доживеав доста работи поради кои сум се срамела, најчесто поради другите, ретко поради себе. Но, тоа е животот и ова исто така е едно големо искушение кое секако ќе го издржав бидејќи на моето дете му требам таква каква што сум, а тоа е добро, здрава и присебна мајка, без оглед на тоа што пишува во пресудата. Тоа се само некои букви и како што Тито рекол: Не го признавам нивниот суд, но ќе го почитувам. Нема друго решение. Од ништо не се плашам – рекла Северина во интервјуто.

– Пред се, јас сум горда на своето дете. Мене не ми треба слава, мене сите ме знаат и тоа подолго од некои други. Јас сум позната, но тоа е поради тоа што го работам она што сакам да го работам. Следниот викенд имам концерт во Арена и мојот син навистина сакаше да биде на тој концерт и се радуваше на тоа кога бевме заедно во Сплит. Таму ќе дојдат многу други деца, но мојот син нема да може – додала пејачката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...