Како што дознава српски Информер, чашата ја прелила кавгата кога Севе побарала куќата на Кеба да се реновира, и да се испразни базенот а во него да се донесе морска вода. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 мај, 2020 18:59

СЕВЕРИНА СЕ РАЗВЕДУВА! ДОШЛО ДО ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА, ПЕЈАЧКАТА ИЗБЕГАЛА ОД КУЌАТА НА КЕБА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Северина и Игор Којиќ дефинитивно се разведуваат, и тоа заради базенот на Кеба! Хрватската поп-ѕвезда остана во куќата на фолк пејачот, а неодамна, по жестоката расправија со сопругот Игор, ги спакува торбите и отиде во Загреб.

Како што дознава српски Информер, чашата ја прелила кавгата кога Севе побарала куќата на Кеба да се реновира, и да се испразни базенот а во него да се донесе морска вода. 

Веќе подолго време во јавноста се шпекулира дека Северина и Игор се разведуваат и дека не се во добри односи.

– Севе е изгубена, откако нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ не и дозволи да го види нивниот син Александар. Целото семејство Којиќ ја поддржуваше во тешките времиња. Тие ја примија во нивниот дом за време на пандемијата и и рекоа да остане онолку колку што сака и да се однесува како да е во нејзината куќа. Се чини дека Северина тоа буквално го сфатила – вели изворот на Информер близок до Којичи.

– Првите неколку дена, сè беше во најдобар ред, а потоа списокот со нејзините барања стана се поголем и поголем. Таа му рече на Игор дека треба да размислат за реновирање на куќата. Таа ги замоли да купат голем сет и лежалки за дворот за да може да се сонча во мир и да направи убави фотографии за Instagram. Таа, исто така, имаше забелешки за базенот на Кеба, па таа предложи да го испразнат, да стават нови плочки и да го наполнат со морска вода. Тогаш им пукна филмот на фамилијата Којиќ.

Кеба му рече на својот син малку да ја смири сопругата и настана хаос меѓу сопружниците.

– Игор разговараше со Севе и и рече дека во овој момент не е паметно да се даваат пари за реновирање на домот и дворот. Кеба нема да биде подолго време на сцената заради пандемијата, нејзините заштеди се намалуваат и тие немаат други извори на приход. Изби жестока расправија , па Севе налутено истрча од куќата за време на полицискиот час, затоа мораше да плати казна од 50.000 динари – истакнува нашиот соговорник.

По кратко време, таа ги спакува своите работи, ја напушти куќата на Којиќ и отиде директно во Хрватска.

– Таа сама го прослави својот 48-ти роденден во Загреб. Не се видела ниту слушнала од Игор веќе 21 ден. Тој сè уште е разочаран поради начинот на кој таа се однесуваше. Игор и Севе претходно имаа  кавги и помирувања, но ми се чини дека овој пат работата е многу сериозна – заклучува изворот на Информер.

https://www.instagram.com/p/B-bh9DxhALM/?utm_source=ig_embed

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.