Таа во пораката практично се пожали на своите фанови дека е скршена од болка што овој голем празник го минува без својот син бидејќи како што вели иако овој викенд би требала да биде со синот, сепак не е.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 април, 2020 15:18

СЕВЕРИНА СО ЕМОТИВНА ПОРАКА ДО СИНОТ: Овој Велигден сум без тебе, веќе 30 дена не сум те гушнала!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска е католичкиот Велигден, па по тој повод една од најпознатите хрватски музички ѕвезди Северина на својот Инстаграм профил објави емотивна порака посветена на нејзиниот син Александар. 

Северина пред неколку месеци го изгуби старателството врз синот Александар

Таа во пораката практично се пожали на своите фанови дека е скршена од болка што овој голем празник го минува без својот син бидејќи како што вели иако овој викенд би требала да биде со синот, сепак не е.

-Мојата мала  љубов, која по некоја привремена мерка припаѓа половина од велигденските празници и понатаму не е со мене. Денес е точно  30 полни дена како не сум го допрела, гушнала, погалила по коса, почувствувала и заспала покрај него. Затоа додека го чекам тој момент, јајцата ги бојадисав како и минатите седум години, колку Велигдени помина со мене, рече таа.

Оваа привремена мерка ја донесе судијката од Општинскиот граѓански суд во Загреб. Според таа мерка Северина има право да го гледа синот во вторник и четврток од  15 до 20 часот и секој втор викенд од сабота од 10 до недела до 20 часот.  Со оваа мерка е регулирано и дружењето на мајката и синот во текот на летните и зимските празници, како и државните и верските.

Пејачката минатиот месец јавно се пожали дека кога се вратила од Србија отишла да го посети својот син но од нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ добила одговор дека тој и синот се ставени во самоизолација, бидејќи на почетокот на март биле во Австрија а за тоа не ја информирал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.