Северина не можеше тој лош период  да не го објави јавно, и оттогаш таа секојдневно споделува пораки кои се посветени до нејзиот син.

Објавил: Весна Петровска | 2 јануари, 2020 17:01

Северина со моќна порака за Нова година: Луѓето кои те повредиле, те научиле што значи живот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Хрватската ѕвезда Северина овој период беше најтешкиот во нејзиниот живот, поранешниот сопруг Милан успеа да и го одземе старателството и синот Александар да го однесе во Србија. По ваквиот потег на Милан речиси целиот Балкан се обедини и, и испрати на Северина илајдници пораки со поддршка.

Северина не можеше тој лош период  да не го објави јавно, и оттогаш таа секојдневно споделува пораки кои се посветени до нејзиот син.

Таа последно објави фотографија со синот Александар и со сопругот Игор Којиќ и под неа напиша емотивна порака.

„Што ќе понесеш со себе во Новата година? Не носи со себе товари, понеси можности! Понеси радости, надеж и утеха. Времето поминува и луѓето заминуваат, моментално или засекогаш, но убавите работи засекогаш се паметат. Секогаш носи ги во дното на срцето луѓето кои си ги сретнал, кои ти кажале убав збор, ти подариле насмевка, охрабрување. Сети се на луѓето кои те повредиле, оние кои те научиле што е навистина животот. Не мој да се жалиш дека е уште една година зад тебе, радувај се на убавите денови од годината, радувај се на се што ти дал животот. Колкумина не го дочекале овој ден, ти го дочека! Кажа благодарам, и повтори уште еднаш благодарам! Колку пати и да повториш никогаш не е доволно. Знаеш ли зошто? Затоа што животот е навистина се што имаш!Ѝ, напишала Северина на својот Инстаграм профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.