Успеавме да го моделираме влијанието на климатските промени според различните сценарија на растечки емисии на стакленички гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан.

Објавил: Перо Милчин | 28 февруари, 2021 18:12

СЕВЕРНИОТ ЛЕДЕН ОКЕАН ОСТАНА БЕЗ МРАЗ? Научниците направија мрачна прогноза, до 2055 година сè ќе биде поинаку

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меѓународен тим на истражувачи предвидува дека Арктичкиот океан најверојатно ќе остане незамрзнат до септември 2055 година!

Тимот моделираше како Арктичкиот океан ќе биде под влијание на климатските промени, а моделот покажа дека мразот веројатно нема да го покрие во септември за 35 години“, рече Станислав Маријанов, еден од авторите на студијата и главен истражувач на лабораторијата за биогеохемиско моделирање океански циклуси на Институтот за океанологија Ширшов при Руската академија на науките.

Успеавме да го моделираме влијанието на климатските промени според различните сценарија на растечки емисии на стакленички гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан.

Факторите како што се областа на намалување на мразот, промените во температурата на водата и соленоста беа земени во предвид”, објаснува Маријанов.

До крајот на 21 век, периодот кога Арктикот ќе биде целосно без мраз стабилно ќе се зголемува на четири месеци во текот на годината до 2100 година и ќе трае од средината на јули до средината на ноември.

Прогнозата на истражувачите покажува дека концентрацијата на хранливи материи ќе се намали во Северен Атлантик во зима до крајот на векот, што ќе биде предизвикано од намалениот интензитет на мешање на океанските слоеви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...