Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите!

Објавил: Владо Марин | 5 декември, 2020 17:27

Сега е потребно народот да биде гласен и да каже стоп на неспособноста и предавствата, рече Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев лаже и преговара за идентитетот, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест кој се оддржа во главниот град!

Треба секој да знае дека попуштањето на Зоран Заев значи разградување од тулите ставани со крв на чии темели почива денешната наша македонска држава.

Зоран Заев лаже и преговара за идентитетот, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест кој се оддржа во главниот град!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска под мотот „Протест сега за да не биде предоцна“, пред Владата организираше, како што посочуваат, надпартиски протест со барање за оставка на премиерот Зоран Заев!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните обвини дека власта преговора за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го потврдиле тоа, наведувајќи две работи!

Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин кој е застрелан зад грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите.

И тоа ни дава енергија да издржиме. И затоа ќе победиме. Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.