Иако еднаш беше укината пресудата Апелациониот суд, по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна за разочараниот дедо на малата Тамара. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2019 13:16

Седум години и шест месеци затвор за дедото на Тамара кој пукаше кон Никола Тодоров

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Седум години и 6 месеци затвор денеска пресуди Судскиот совет во Кривичен, за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара кој разочаран од здраствениот систем пукаше кон поранешниот минстер за здраство Никола Тодоров. 

Во ноември минатата година по жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, апелација одлучи да му ja укине затворската казна од 7,5 години која му беше определна за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Иако еднаш беше укината пресудата Апелациониот суд, по втората одлука донесе решение со која ја потврди високата затворска казна за разочараниот дедо на малата Тамара. 

„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“, ова го кажа Љупчо Стојановски пред да ја чуе првата пресуда во судница. Бараше поблага казна или ослободителна пресуда разочаран оти ја нема омилената внука, но и целото семејство. Не беше во добра здраствена состојба особено откако дозна дека родителите на Тамара се отселија од Македонија и немаат намера да се вратат.
Во судница тврдеше дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука. Стојановски кажа дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа.

За потсетување, Тамара почина на 9. февруари 2015 година, откако претходно два и пол месеци родителите на Тамара чекаа да завршат бирократските процедури околу праќањето на девојчето на операција во странство. Потоа, Фондот за здравство чекаше официјален документ од Клиниката за ортопедија и траумотологија, односно ново конзилијарно мислење. Мајката на Тамара тогаш за „Телеграф“ изјави дека очекува операцијата да се изврши во јануари, а како опции првично им беа понудени Хрватска, Турција, Германија и САД. Родителите постојано предупредуваа дека ситуацијата се влошува, дека искривувањето за една година двојно се зголемило – од 40 отсто на 80 отсто, притиска врз срцето и врз белите дробови и прави дополнителни компликации. На средината на јануари, телевизија „Телма“ објави дека Фондот чека да се конкретизира терминот, докторот и болницата каде ќе се изврши операцијата, но за жал на крајот Тамара почина и не успеа да ја дочека потребната операција.

Извор Досие.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести