Не постои жена што не посакува да има убава коса и совршена фризура. А дел од светски познатите фризери откриваат мали трикови за како да го постигнете тоа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 јуни, 2018 18:00

Седум совети од професионален фризер за здрава и убава коса

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Носете фризура што ви се допаѓа

„Шишајте се кога вие сакате, не затоа што мислите дека треба. Не знам кој го прошири митот дека жените во одредена возраст  треба да почнат да носат кратка коса, но тоа едноставно не е вистина. Нема ништо полошо од жена која од прекрасна долга коса ќе премине на лошо ишишана кратка фризура, бидејќи на тој начин се надева дека ќе избрише 10 години од лицето и тоа само за еден час“, вели фризерот Ли Стафорд.

Трик за совршена боја

„Кога имате совршена боја за коса за својот тип на кожа, луѓето ќе ги забележат вашите очи, а не бојата на коса. Немојте сами да ја бојадисувате косата која е четири или повеќе нијанси посветла или потемна од вашата природна боја на коса. За такви експерименти посетете професионален фризер“, советува Даниел Галвин.

Прилагодете ја бојата на коса со годините

„Со годините се менува бојата на нашата кожа, па затоа би требало да се прилагодува и бојата на коса. Подеднакво е важно да ја одберете најдобрата фризура за себе. Шишките ќе ви одземат неколку килограми од лицето, како и слоевито ишишаните врвови. Но, имајте на ум дека и најдобрата фризура ќе изгледа лошо ако не ја стилизирате со вистински производи за вашиот тип на коса“, смета фризерскиот стилист Тревор Сорбие.

Мијте ја косата на вистински начин

„Ни најдобрите производи за стилизирање нема да ви помогнат ако косата не ја миете на вистинскиот и правилниот начин. Направете го тоа како во салон – мијте ја два пати со шампон, па потоа добро измијте ја. И не заборавајте да користите шампон за вашиот тип на коса – советува фризерот Никола Кларк.

Исушете ја косата пред да ставите регенератор

„Откако ќе ја измиете, просушете ја косата со крпа за глава, а потоа нанесете регенератор. Вишокот вода во коса го спречува продирањето на регенераторот, па косата нема да ви изгледа така здраво и сјајно“, вели фризерот Чарлс Вортингтон.

Најдете добар фризер

„Усната препорака е секогаш добар начин да дојдете до професионалец за коса со кој ќе бидете задоволни. Ако забележите жена чија коса и фризура ви се допаѓа, прашајте ја кој е нејзиниот фризер“, открива Др. Билјана Кичеец  од Охрид

Експериментирајте во лето или по одморот

„Летните одмори искористете ги во своја корист. Ако сакате посветла боја, тогаш осветлете ја неколку недели пред да одите на море. Сонцето дополнително ќе ги осветли прамените, а вие ќе можете да процените дали ви се допаѓа новата боја или не. Од друга страна, ако преферирате потемни нијанси или боја на карамела, тогаш подобро одете на фризер откако ќе се вратите од одмор, бидејќи морето и солта ќе ја „исперат“ бојата “, вели Лејла Бари од Базел.

.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Женска

Станува збор за модел потпишан од познатиот британски дизајнер Стела Мекартни, а Кејт прв пат се виде во него во 2011 година, потоа три години подоцна, а потоа и во 2016 година.

МОДЕН ТРЕНД: Синиот „обичен“ фустан на Кејт Миделтон што не престанува да го носи (ФОТО)

Кралската сина боја и прилега совршено и таа тоа го покажа неколку пати досега. Она...

Првата дама на Америка имаше посебен стајлинг за овој посебен повод. Со црно елегантно сако на Долче и Габана, го коминираше здолништето со црна боја од истиот познат бренд.

ТАА ЕДНОСТАВНО НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ: Моќно издание на Меланија Трамп од кој ќе ви застане здивот(ФОТО)

Првата дама на Америка веќе некое време ја има титулата кралица на елеганцијата. Меланија...

Првата дама на САД, ги засени присутните со елегантен црн фустан кој ги означи и истакна нејзините совршени облини.

Ова е 74 годишната мајка на Меланија Трамп: Од елеганциите на двете дами ќе ви застане здивот(фото)

Сопругата на актуелниот американски претседател, Меланија Трамп блескаше на божиќната...

Меган Маркл е единствената претставничка на кралското семејство која годинава е во Топ 10 највлијателни стилски икони, додека Кејт Мидлтон е рангирана на 11. позиција.

МОЌНА ЖЕНА: Меган Маркл е прогласена за највлијателна модна личност за 2019-та

Што и да облече војвотката од Сасекс, Меган Маркл, инстантно се распродава! Ова е еден...