Мијалков и поддршката на осумтемина за уставни измени е јасна, прашање е кога Локвенец и СДСМ ќе формираат комисија за изјавите на Никола Груевски за обид за поткуп и уцени

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 ноември, 2018 7:29

Сеење магла во режија на наследникот на Тунтев, Мијалков немал врска со уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Очигледно пратеникот Томислав Тунтев е повеќе од убеден дека ќе го добие работното место за кое аплицирал, а кое носи три пати поголема плата од пратеничката, па го промовираше неговиот наследник, Хари Локвенец.

Локвенец притоа и не е “најчистиот образ” во пратеничката група на СДСМ, како последната афера со фондот за иновации јасно покажа дека е подготвен како јавен функционер да го прекрши законот, да направи финансиски ќар врз сметка на партиската припадност и никогаш за тоа да не одговара.

Сега пратеникот на СДСМ во нова улога, неформален координатор на пратеничката група и неформален портпарол на премиерот Заев.

Не смееме да ги поврзуваме притворот на Сашо Мијалков кој е резултат на барање од СЈО и процесот за менување на Уставот, смета пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, кој е убеден дека и натаму ќе има 2/3 мнозинство за спроведување на уставните измени.

Не станува збор за преговори. Стаува збор за процес во кој ние покажување кооперативност и разговараме со аргументи за сите наметнати прашања од секој пратеник во Сообранието. Сето тоа што е возможно да се реализира, ќе го реализираме. Дали тоа значи зголемување на мнозинството пратеници кои се подготвени да гласаат за промена да Уставот, искрено мислам да. – рече Локвенец.

Пратеникот вели дека состанокот на Kоординативното тело за помирување и интеграција бил одложен поради отсуство Талат Џафери, кои бил надвор од Македонија. Но, ова одложување, според Локвенец, нема да ја успори динамиката на работа која е превидена.

Јас очекувам пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да се вклучат во овој процес на помирување. Искрено се надевам, бидејќи лично ги знам размислувањата на дел од нив. Да почекаме, идната недела дел од работите ќе бидат расчистени. – рече Локвенец.

Очигледно е дека пратеникот Локвенец не го прочитал последното писмо на пратениот Никола Груевски во кое јасно за прв пат и гласно посочува дека братот на премиерот на Македонија и јавното обвинителство на Катица Јанева директно вршеле притисок врз него со цел да гласа за уставните измени.

Можеби иако осуден и во бегство, Собранието треба да оформи соодветна комисија за исказите на Никола Груевски?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести