Како што велат од таму човекот имал хронични болести и починал на институтот за пулмологија, каде и се лечел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 15:57

Сезонскиот грип ја зема и третата жртва

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сезонскиот грип денеска ја зема и третата жртва во државата. Имено од компликации од грип почина 50-годишен човек, соопштија од Институт за јавно здравје.

Како што велат од таму починатиот имал хронични болести а смртта настапила по компликации од сезонскиот грип, на институтот за пулмологија, каде и се лечел.

Сезонскиот грип денеска ја зема и третата жртва

Бројот на заболени од грип и натаму се зголемува. Бројот на ученици болни од грип е алармантен, но и покрај тоа децата продолжуваат со настава. Само оваа недела се регистрирани нови 5.660 заболени, што е за 74% повеќе од минатата недела.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека најголем број од заболените лица припаѓаат на возрасната категорија од 15 до 64 годишна возраст.

-Сите индикатори укажуваат на зголемена активност на вирусот на грип. За овој период од годината е очекувано да имаме тренд на пораст на заболени од грип и овој тренд ќе продолжи во наредната недела или две, по што очекуваме да се стабилизира и да почне да опаѓа бројот на новозаболени, рече д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести