Во Хрватска со важечка дозвола за престој и работа престојуваат 9.722 државјани од Република Србија и тие главно работат градежништво, додека сезонците најмногу се ангажираат во туризмот и угостителството.

Објавил: Весна Петровска | 29 јули, 2019 21:13

Сезонски работник во Хрватска откри како оди заработувачката: Да не е добро – ќе си заминев со првиот автобус

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Многу млади лица се решаваат да заминат од својата земја на печалба во големите европски градови, и секоја приказна е различна. Еден печалбар реши да открие како е да се печали во Хрвастка.

Во Хрватска со важечка дозвола за престој и работа престојуваат 9.722 државјани од Република Србија и тие главно работат градежништво, додека сезонците најмногу се ангажираат во туризмот и угостителството.

Хрватите што работат во секторот на туризмот сега се жалат дека се најзагрозени бидејќи работодавците одлучиле да направат сè за да довлечкаат странци и да ја искористат оваа квота на дозволи за увезени работници. Така, во Далмација сега пристигнуваат Филипинци и Украинци, кои добиваат сместување и храна и иста плата како Хрватите.

-Во моментов во Хрватска работата околу 23.000 странци, што значи дека скоро секој втор е од Србија. Искуствата на странците се добри, нема никакви разлики. Еве да кажеме, Немања од Србија кај нас е веќе скоро два месеци. Дојде како пица мајстор. Како што досега стојат работите, тој може да остане и цела година кај нас во работен однос – изјавил Шиме Јаковлјевиќ, угостител во Водице.

-Да не е добро, јас ќе си заминев со првиот автобус дома. Слушнав разни приказни и не ми беше сеедно. Но, сепак одлучив да дојдам и после два месеци сум задоволен од сите услови – од луѓето, колегите, шефовите, газдите. Проблеми затоа што сум од Србија немам – рекол Немања за хрватските медиуми.

Интересно е што Владата на Хрватска ги стимулираше работодавците па така платите пораснаа за работниците.

Хрватската влада ја стимулираше целата работа така што им овозможи на работодавците да им даваат на вработените неоданочени 1.100 евра, но платите на вработените, со исклучок на ретки туристички работодавци во Хрватска, секогаш биле на последното место по важност и тие биле првите жртви на штедењето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести