Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации од 12 до 18 мај годинава.

Објавил: Мартин Попоски | 11 мај, 2020 17:03

СЕКОЈА ЧЕСТ: Катар Ервејс поклонува 100.000 авионски карти за сите медицински работници ширум светот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катар Ервејс им доделува 100.000 бесплатни авионски билети на сите медицински работници ширум светот во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата КОВИД-19, објави денес компанијата.

Билетите ќе бидат достапни за резервација од утре, на Меѓународниот ден на медицинските сестри / техничари.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации од 12 до 18 мај годинава.

Професионалните здравствени работници можат да се регистрираат за оваа специјална понуда на qatarairways.com/ThankYouHeroes со пополнување формулар и примање на специјален промотивен код, заснован на системот „кој се регистрира прв“.

Медицинските работници од целиот свет имаат право на бесплатни билети, а со цел компанијата да обезбеди транспарентен и фер начин за распределување билети, секоја земја ќе добие одреден број билети, во зависност од популацијата на земјата, распоредена во период од седум дена, од 12 до 18 мај.

За време на кампањата, билетите ќе се доделуваат секој ден, а победниците ќе можат да ги видат резултатите една минута по полноќ, според временската зона на Катар. 
Билетите мора да бидат резервирани до 26 ноември, а да се користат до 10 декември 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.