Во Македонија гладува секој петти нејзин граѓанин, иако земјата е лидер во регионот по фрлена храна која на годишно ниво изнесува над 12 илјади тони

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 6:06

Секој петти граѓанин во Македонија е гладен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Македонија околу 450 илјади граѓани  имаат проблем да обезбедат храна или во просек имаат по еден оброк дневно.

Секој петти граѓанин на Македонија е гладен, а годишно се фрлаат околу 12 илјади тони храна.

Со овој податок Македонија е лидер во регионот по количина фрлена храна.

Ова го потенцираа од асоцијацијата “Ајде Македонија” која е предводник на мрежата “Сите сити” во која членуваат 30 организации кои работат на проекти за спасување на храна од фрлање и нејзино донирање на оние на кои им е најпотребна.

Македонија преку Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучува на глобалната кампања на Обединетите нации, со мотото “Во светот да нема глад до 2030 година, тоа е возможно”.

Директорот на агенцијата Зоран Атанасов вели дека генерално храната во Македонија е безбедна, а од храна најмногу увезуваме пилешко месо. Во 2018 година, досега се извршени околу 33.500 контроли на објекти кои произведуваат или служат храна.

Македонските потрошувачи реагираат со поплаки и до органзиацијата на потрошувачи со проблеми поврзани со храна и кондиторски производи.

Последниот извештај на Обединетите нации покажувa; дека во светот, во 2017 година околу 821 милиони луѓе, односно секој девети човек на планетата е неухранет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести