Сеедно е што ниедна од нашиве жртви нема доказ за злоупотребите на некои од тие политичари, за нивното делување, за навистина криминално дејствие.

Објавил: Перо Милчин | 7 декември, 2019 13:27

СЕКУЛОВСКА: КАМЧЕВ е жртва на самиот себе, а најмногу на сопствениот ЖИВОТ

Фото/Текст извор: ©нова тв

Една лажна Луј Витон чанта, доволно голема за да прими некој милион евра, во ситно, по 50 апоени. Камчев додал луксузни магазини, претпоставувам “Вог”- само тоа би можело да го задоволи него во исмевањето, и само тоа би можело да го распамети Боки 13, во поривот да се залепи самиот себе на страниците, бесно кинејќи ги другите лица.

Само тоа и двајцата ги опишува навистина- колкaва е заслепеноста за мазно, меко шушкање на хартија, сеедно дали на неа се напишани и нацртани само бројки кои претставуваат парична вредност, или се слики на привлечни чанти, сепак, таа хартија создава болест- и создава некого во жртва на самиот себе.

За да се документира тој спектакл, неопходни се неколку камери наоколу, за да снимаат изнесување на таа измрцварена чанта. За тоа сепак е најблагодарно дневното светло, блескаво, неверојатно заслепувачко.
Следуваат доволно крупни кадри, за да се распознаат лицата на алчните странки како ја изнесуваат таа чанта, наводно, полна со милиони- тоа се Боки 13 и Зоки Кичеец, додека Орце Камчев ги испраќа од влезот на сопствената куќа.

Евтина е по изглед Витонката, никој околу тоа не спори, сеедно што дури и кога е вистинска, секако изгледа млитава и незаинтересирана за тоа кој ја носи, затоа што како поминувало време, станала разочарана што служи за потсмев со децении. Како и нејзините сопственици, добога.

Но сепак, внимавајте- дури ни таква неспособна за големи подвизи, депресивна како ја навјсала староста, лажна по самата дефиниција на постоењето, сепак, не може да се купи за жолти парички.

Тоа го знае и човекот што ја полни- Орце Камчев, првата жртва од операцијата Рекет. Ве молам, не се чудете сега кога велам жртва, па секако дека е жртва пред сè на самиот себе, најмногу на сопствениот живот, поминат низ судските тахикардии на процесите, засега неуспешни.

Но, ако ја слушате неговата приказна, можно е и да добиете ужасен порив да помислите дека вие сте главниот џелат и мозокот на целата операција, низ деценииве обвинуван, за нешто, за сè, барем за нешто, за што навистина и никогаш и не одговарал.
Тој огромен еп за него, таа предолга поема, тие бескрајни томови на неправдата, само ја опишуваат приказната на Македонија- корумпирана, криминогена во полн сјај и расцвет во време на груевизмот, да, но едно е сигурно- тоа не може да продолжи вечно, факт кој и него го плаши.
Но, за тој негов профил подоцна. Затоа што, следуваат и следните жртви на излогот кој засега само се гледа, некако не се разбира и дополнително се замаглува и размачкува.

Втората е нам добро познатиот младич- Боки 13, сечија жртва и ничија- сè му е и нему и вам испомешано, како и на Камчев, впрочем, кога станува збор за жртвите и џелатите.
Најпрво, Боки знае дека мора да се има фокус во целата драма- тој добро почнува со еден главен лик, кој и навистина и му ја поставува стапицата- вели дека е жртва на Камчев, во ред, тоа и има смисол.
Но, потоа ја споменува и политиката, политичари од врвот, вплеткувајќи се и заплетувајќи сосема нејасно сè . Но, мора некој и да му каже, еднакво како и на Камчев, кој идентично споменува политички фигури- значи, потребно е некој да им каже и на двајцата една, навидум неважна ситница.

Дека е одлично смислен тој план, да се споменуваат имиња на високи функционери, највисоките, во власта, дека им се блиски пријатели, род небаре, пораснати заедно, доволно нивни за да бидат сега еден по еден колвани- итро, лицемерно, перфидно. Сеедно е што ниедна од нашиве жртви нема доказ за злоупотребите на некои од тие политичари, за нивното делување, за навистина криминално дејствие.

Знаете како- колкупати ги споменувате нивните имиња, тие гласови се мултиплицираат. Стануваат ехо, сите ги изговараат, влегуваат во сечија уста и уво, стануваат комарци, муви, бубашваби, стаорци, чудовишта. Не можете едноставно да се отарасите од имињата. Ви зујат, во ѕвонат во ушите, насекаде ги слушате, дури и кога ги затворате ушите со мачнина, некој го попушта тонот на телевизорот, на компјутерот, на мобилниот, ви се расцепува, ви рапукнува тапанчето. Тоа е и идејата, зарем не?

Засега имаме две жртви, а следува и третата- Катица Јанева- секако и таа е на самата себе, како и нејзините пријатели погоре.
Низ различните патишта секако овие три жртви се упатиле и попат се изгубиле, така и започнала сезоната на ловот, ако сега се сетат сите тројца на почетоците.

Но, сè се сведува на пустата младост изгубена низ потрагата по трупање и блуење од непознати извори- на оригинални чанти, или часовници, или бунди, или слики на стари мајстори, макар и македонски, на нивните пејсажи во кои таму некаде и тие тројцата се насликани.
Тие таму, низ некоја помрачина на некоја слика од Личеноски, нашиве жртви, не можат да се препознаат денес. Разбирливо, кој би ја нашол симболиката во има една мува што зуи, една ѕуница попат, раскошно стебло, крошна расцветана, жена што страсно чита книга, и две мртви риби, на чинија приложени. Иако изгледаат као живи, подготвени да проговорат.

Ставете ги сите овие слики во една, ќе добиете еден цел свет, поминат во вистински, цел, долг живот. Нашиве жртви, тројцата тие, сè од ова сакале, одеднаш и веднаш. Дури и еден мајстор како Личеноски, не можел тоа задоволство да им го пружи. И тоа сакал да им го каже со неговите слики- дека поинаку е губење време, невозможно е, недофатливо.

И затоа е разбирливо што ден денес, тие се чувствуваат како жртви.
А ние, нас нè доживуваат како нивни џелати, само затоа што чекаме правдата да им покаже на сите тројца дека сме тука- ние, чекаме, но одамна не сме така трпеливи.

Разгледајте некоја слика на Личеноски, таму секако дека ќе се пронајдете- таму сме и ние, и воопшто не изгледаме така кутро, како нашиве жртви расплакани.

Биљана Секуловска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...