посета на Лабуништа, претседателите Села и Гаши сс упатија на плоштадот Струга, од родниот град на претседателот Села, од каде се обрати до лидерите на двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2020 9:45

Села до Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На вчерашниот митинг пред жителите на Струга, коалицијата „Сега е време“  одржа централен митинг.

По посета на Лабуништа, претседателите Села и Гаши сс упатија на плоштадот Струга, од родниот град на претседателот Села, од каде се обрати до лидерите на двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени Албанците да формираат влада,  Села рече:

Слушам дека Заев и Мицковски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада.Јасно е, немам што да ти кажам, рече Села од Струга

Воедно годинава и ДУИ, излезе со програма за поголеми права на албанцоте водржавата, а за прв пат е кандидиран албанец за премиер на Македонија. Дуи како свој кандидат за премиер го промовираше Насер Зибери!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.