Сега се користат други дефиниции, идентификација, верификација и сето тоа со право отвора дилеми за граѓаните, за оние кои се регистрирани да имаат вистински процес на попис.

Објавил: Перо Милчин | 2 април, 2021 10:59

Села: ДУИ ги предаде Албанците со пописот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, смета дека неприфатливо е земјата да дојде во ситуација кога постигнатиот договор меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски мора да се почитува, а законот да се игнорира.

-Од она што го слушнавме на прес-конференцијата, дека треба да се почитува одлуката на претседател на партија, а да не се почитува законот.

Сега се користат други дефиниции, идентификација, верификација и сето тоа со право отвора дилеми за граѓаните, за оние кои се регистрирани да имаат вистински процес на попис.

Она што го бараме не сега, ниту пред 10 години, туку од 90-тите години. Амандманот што го спомнавте е најјасен пример за тоа како ДУИ се обидува да манипулира со јавноста, да го скрие предавството што им го прави на Албанците, фрлајќи ја вината на друго место, додека за да го одложиме или да не го одложиме пописот, ја имаме само ние – рече Села.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика