четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Ваквиот став на Села како што вели е поради тоа што премиерот и владата треба да понесат одговорност за неуспехот земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 23:08

Села: Заев да си поднесе оставка поради неуспехот земјава да добие датум

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села побара од премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка а воедно посочи дека бараат и распишување на предвремени избори.

Зијадин Села е роден во 1972 во Ливада, Струшко — градоначалник на Општина Струга во периодот 2013–2017 година. На локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика.По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат. Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим.На парламентарните избори 2016 година коалицијата предводена од него, Алијанса за Албанците, учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.

Ваквиот став на Села како што вели е поради тоа што премиерот и владата треба да понесат одговорност за неуспехот земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– И ние како и граѓаните длабоко сме разочарани не од ЕУ туку од внатрешните случувања и немањето капацитет на власта да направи реформи. Дојдоа на власт само со ветувањето дека преку правда ќе се гради мир. Ниту правда градевме, ниту мир. Проблемот е што наместо да се соочи со корупцијата и криминалот владата стана дел од корупцијата. Владата наместо да ја избере правдата, прогресот, иднината како земја членка на ЕУ, одбра криминал. Владата треба да плати цена за неуспехот. Цената е преку оставка и распишување на предвремени парламентарни избор – рече Села.

Тој потврди дека добил покана од претседателот на државата Стево Пендаровски и дека ќе учествува на лидерската средба во недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.