„Јас би поддржал закон кој е за добро на граѓаните на Република Македонија, рече претседателот на алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2019 15:17

СЕЛА: „ Предвремените избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, претседателот на алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава, тоа ни треба многу како општество и закон кој ќе се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава нема да поддржи.

Претседателот на алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека имајќи во предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мисли дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

„Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Македонија.

На прашањето за иднината на СЈО, дали планира безусловна поддршка на предлог – законското решение што би произлегло од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тој рече:

„Јас би поддржал закон кој е за добро на граѓаните на Република Македонија. Јас би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава, тоа ни треба многу како општество и закон кој ќе се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава нема да поддржам“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.