Претседателот на Алијансата за Албанците смета дека изборите се извесни и дека по нив ВМРО - ДПМНЕ има правен кредибилитет за се што до сега СДСМ и ДУИ им го спореа

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 9:59

Села: Уставните измени го обединија ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Амандманите од Уставот се влезени во Комисијата за уставни прашања на собранието, но политичките чинители ги повторија ставовите на политичките партии, вели претседателот на Алијанса на Албанците Зијадин Села.

Неговата оценка е дека опозициската ВМРО – ДПМНЕ го земала ставот од референдумот и сега има дури поцврсти ставови отколку пред гласањето.

Ние како Алијанса на Албанците, кога се носеше одлуката за потребата да се оди на референдум бевме воздржани, јас лично објаснив зошто не е потребен референдумот, затоа што Договорот со Грција не го бара тоа. Кој и да беше исходот, и да се постигнеше цензусот, ќе требаше пак во Собрание да се решава. Од друга страна, сметавме тогаш, па веќе и се гледа дека тоа би ја комплицирало уште повеќе политичката ситуација во земјава, знаеме низ што се поминавме лани, немајќи ВМРО – ДПМНЕ тогашна никаква основа за да го блокира давањето на мандатот на сегашниот премиер за да формира влада. А сега, со законска основа, се надевам дека грешам во ова предвидување, мислам дека референдумот уште повеќе ја комплицира политичката ситуација во земјава. – вели Села.

Според Скендер Реџепи, генералниот секретар на БЕСА, најголемата грешка на опозициската партија е тоа што на партискиот интерес го става пред државниот.

Мислиме дека референдумот беше добар показател за тоа каде оди мнозинството гласови на граѓаните. Бидејќи беше консултативен, сметаме дека е политички успешен. Правно, цензусот требаше да се постигне, но доколку се постигнеше, политички е успешен, над 600.000 гласови. Сметаме дека другите или не биле во државата или не биле заинтересирани за иднината на државата. –вели Реџепи и додава дека сега ВМРО – ДПМНЕ треба да покаже мудрост и да и даде предност на државата пред личните интереси.

Тој верува дека сите албански партии ќе ги поддржат уставните промени.

Во кулоарите има навестувања дека и добар дел од ВМРО – ДПМНЕ се подготвени да дадат таков придонес. Имаат притисоци, тоа го кажа и Хан јавно, има притисоци партиски. – вели Реџепи и додава дека пратениците од БЕСА сметаат дека уставните промени ќе поминат.

Села смета дека кампањата меѓу албанските гласачи си ја присвоиле ДУИ, а Алијанса, иако имала подготвено промотивни спотови, тие не биле никаде претставени.

Некој сакаше да ги присвои сите заслуги за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ. Не може ни една турска серија да гледаат граѓаните од рекламите на Али Ахмети и на ДУИ. – вели Села и додава дека единствната работа што предизвикала негативност околу оваа кампања кај Албанците биле корумпирани лица, наведувајќи ја истрагата на СЈО против вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести