Претседателот на ЗНМ Селмани го обвини за медиумски рекет директорот на ТВ Телма Кировски

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 6:08

Селмани: “Атанас Кировски спроведува медиумски рекет”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Здружение на новинари Насер Селмани објави ФБ коментар во кој главниот уредник на Телма Атанас Кировски го обвинува за медиумски рекет.

Селмани вели:

“Атанас Кировски поранешен новинар и директор на Телма телевизија јавно потврди дека националните телевизии се пропаганден сервис на секоја власт. Денеска и сугерира на владата да им дале пари за медиумска пропаганда инаку ќе им пропаднел референдумот.

Ова со други зборови се вика медиумски рекет дајте ни пари ако сакате да ви успее референдумот! А јавниот интерес каде остана?!” -прашува Селмани.

“Овие медиуми беа и останаа најсилен столб на заробената држава затоа што освен служење на партиски и политички интереси друго не знаат да работат. Не знаат да водат медиумски бизинис во капиталистичко општество за нив времето запрело во Сојузот на комунисти!” – пишува претседателот на ЗНМ.

Мил мој Саки референдумот нема да пропадне поради немање на медиумска пропаганда туку може да пропадне поради немање јасна стратегија од владата како да им објасни на граѓаните зошто треба да го поддржат договорот со Грција.

Кировски лаже кога тврди дека само 15 посто од граѓаните се информирале од социјални мрежи. Истражување на мислењето на публиката од АВМУ во декември 2017 година покажува дека 54 посто од граѓаните на дневна основа се информаираат од интернет а 60 посто од телевизиите.

“Саки читај малку информирај се!” – му се обраќа на директорот на Телма претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

На обвинувањата Кировски одговори на профилот на Селмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...