Совршено одговара за макање со домашно лепче, после работниот ден.

Објавил: admin@magazin | 24 октомври, 2022 10:28

Селско месо на Македонски традиционален начин

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Направете вкусно селско месо за денешниот ручек, еве еден традиционален рецепт за подобар ручек.

Заедно со тавче гравче, селското месо се смета за традиционално јадење во Македонија.

Свинското месо се сече на коцки, се посолува и се премачкува со сенф.

Состојки :

250 гр. мелено месо

1 јајце

1 лажица брашно

сол и бибер

250 гр. свинско месо од бут

250 гр. јунешки рамстек

250 гр. пилешки стек

350 гр. свежи печурки

малку лук

2-3 глави кромид

2 моркови

2 говедски коцки за путер и масло

Подготовка

Чекор 1:  Меленото месо измесете го со јајцето, брашното и зачините. Мешајте го убаво да се соедини, по потреба додајте малку масло и формирајте мали ќофтенца.
Чекор 2:  Свинското, говедското и пилешкото месо исецкајте ги на коцки со еднаква големина. Големината на парчињата месо треба да е еднаква на големината на ќофтенцата.
Чекор 3:  Стоун Леџенд тавата ставете ја на оган, додадете путер и масло. Кога ќе се загрее додадете го месото да се запржи колку да се затворат порите. Месото извадете го во сад на страна.
Чекор 4: Во истата тава запржете го ситно исечканиот кромид и моркови. Додадете ги сецканите печурки и запржете ги. Додадете го месото и 1 литар говедски бујон.
Чекор 5: Печете во загреана рерна на 200 степени околу 2 часа. Повремено промешајте, по потреба.
Чекор 6: Сервирајте!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.