Имено, возачот на возилото кое го усмрти Шабан, беше германскиот државјанин со турско потекло Алсин Левент кој наскоро пред регионалниот суд ќе одговара за убиство во сообраќајна несреќа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2019 11:09

Семејството на Шабан од германските власти бара “убиецот” да биде соодветно казнет

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

По смртта на познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, кој загина на 17 февруари годинава во страотна сообраќајна несреќа, јавниот суд во Билефелд во Германија подигна тужба против возачот кој го управуваше возилото кое го усмрти пејачот.

Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“. Шабан Шаулиќ беше роден 6 септември 1951 во Шабац.Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.
Неговата жена се вика Гордана за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“.
Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Имено, возачот на возилото кое го усмрти Шабан, беше германскиот државјанин со турско потекло Алсин Левент кој наскоро пред регионалниот суд ќе одговара за убиство во сообраќајна несреќа.

По тој повод се огласи и семејството на Шабан Шаулиќ кое вели дека имаат доверба во германскиот правосуден систем.

-Имаме доверба во правниот систем на Германија и очекуваме човекот кој ја предизвика смртта на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ и му нанесе тешки повреди на Бобан Стојадиновиќ да биде адекватно казнет. Нашиот татко и сопруг ништо нема да го врати, но очекуваме правдата да биде задоволена, велат од семејството.

За потсетување Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари. Тој во возилото се наоѓал во кола со неговиот кум и возачот а несреќата се случила во околината на Билефелд каде што претходната ноќ одржал настап.

Шабан Шаулиќ по несреќата итно беше префрлен во болница, но за жал им подлегна на повредите.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.