Опозицијата обвинува дека со години во подрумот на ГТЦ се краде струја под палка на СДСМ, а синоќа нелегалната активност како што ја опишуваат ја прикрило МВР. Ситуацијата ја опишаа како Монти Пајтон.

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 ноември, 2021 19:16

СЕМЕЈСТВО БАЈРАМ: НИКОЈ НЕ КРАДЕЛ СТРУЈА

Фото/Текст извор: ©магазин/24.мк

Се е легално и според семејстово Бајрам и според МВР-никој не крадел струја, но и никој не кажува дали се копале криптовалути во подрумите на ГТЦ.

Во магацините имало компјутерска опрема потврдуваат од семејството Бајрам, но не откриваат дали со неа рудареле биткоини.

Габриел Бајрам кој беше повикан од медиумите дека со години  во подрумите на ГТЦ нелегално користел струја за копање на криптовалути, иако најави дека ќе даде одговор-денеска не се појави. Го замени човек кој што се претстави како професионален модератор и ги отфрли сите информации како шпекулации.

Опозицијата обвинува дека со години во подрумот на ГТЦ се  краде струја под палка на СДСМ, а синоќа нелегалната активност како што ја опишуваат ја прикрило МВР. Ситуацијата ја опишаа како Монти Пајтон.

По синоќешната акција на полицијата за која медиуумите известуваа дека полициско возило само се појавило и заминало од местото, од МВР информираат дека синоќа по разговорите со одговорни лица на ГТЦ и со претставници на ЕВН утврдиле дека нема кражба на електрична енергија, ниту пак е пронајдена компјутерска опрема.

Не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик. – велат од МВР.

Синоќа во доцните часови на сопцијланите мрежи се појавија видео снимки како се изнесува компјутерска опрема од подрумите на ГТЦ. Денеска модераторот на семејството Бајрам не сакаше да коментира за ова. 

Имено копањето на криптовалути во земјава не претставува кривично дело, но за крадење струја според Кривичниот законик сторителот може да се соочи со казна до 3 години затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.