Ви посакуваме овие празнични мигови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов се вели во честитката на семејството Иванови, по повод празникот Велигден.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 11:25

СЕМЕЈСТВО ИВАНОВИ: „На сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Честитка по повод најголемиот Христијански празник Велигден, упати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, заедно со неговото семејство.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со семејството, по повод најголемиот христијански празник Велигден, им посакува на сите семејства и верници топлина во домот, хармонија и благосостојба.

“Ви посакуваме овие празнични мигови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов.
Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба”
Честит Велигден
Христос воскресна!
Семејство Иванови

Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба, се вели во честитката на семејството Иванови.

Семејството Иванови Велигденските празници како обичај ги поминуваат во домашна атмосфера заедно со најблиските. Традицијата како и секоја година е во весела атмосфера.

Додека пак слободните часови во семејството Иванови, се исполнети со музика. Г-ѓата Маја Иванова, свесна за позитивните влијанија на музиката во животот на секој човек, честопати го исполнува семејниот простор со звуците на инструментите кои ги владее – пијано и хармоника. Таа љубов кон музиката што ја дели со својот сопруг, ја пренесе и на синот Иван, кој денес покрај посветеноста на политичките студии, свири гитара и е активен млад музичар.

Сопругата на претседателот Иванов, Маја е родена во Скопје во 1964 година. Првата Дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова, е дипломиран правник и е вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работи како советник.

Воедно ги исполнува своите обврски како сопруга на Претседателот на Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.