Раковотството на фабриката ја негира веста за нејзино затворање

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 17:23

Сепак Дрекслермаер не се затвора- раководството бара извинување од Миленко Неделковски поради лажната вест!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска во медиумите одекна веста дека се затвора Германската фабрика Дрекслермаер во Кавадарци, во која се вработени над 4.000 лица од Кавадарци, Неготино, Велес но во изјава за Фокус, раковотството на фабриката ја негира веста за нејзино затворање.

Оваа вест беше објавена од сајтот Дудинка.орг со потпис од Миленко Неделковски а предизвика бурни реакци кај јавноста. Во изјава за „Фокус”, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев децидно демантира дека такво нешто ќе се случи.

-Веднаш по објавата на веста стапив во контакт со раководството на фабриката. Нивниот официјален став е дека доколку не се извини јавно, во рок од 24 часа, Миленко Неделковски ќе добие тужба за објавување на лажна вест. Фабриката продолжува да работи без престан, нема никакви измени во нејзиното функционирање, се тече во најдобар ред. Вработените и нивните семејства немаат причина за загриженост по било која основа, бидејќи веста за затворањето е неточна и е срамен чин – вели Јанчев за Фокус.

ДРЕКСЛМАЈЕР Македонија е основана во 2012 од страна на DRÄXLMAIER Group. Во Македонија се произведуваат кабелски сетови (комплетни електрични системи) за автомобилската индустрија изработени по барање на клиентот.

Инаку оваа инвестиција беше потпишана во Јули 2012, и беше изградена фабрика во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија. Вкупната вредност на овој инвестициски проект изнесуваше над 35 милиони евра а во фабриката беа вработени околу 4000 лица. Дрекслмаер е интернационален добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во повеќе од 20 земји низ целиот свет а главното седиште е во Германија.Оваа компанија денес вработува околу 70.000 вработени низ целиот свет. Во потпишаниот договор во 2012 година стоеше дека нивниот локален партнер од Македонија ќе инвестира во изградба на врвна фабрика од околу 52.000 метри квадратни, што ќе биде дадена на користење на ДДМ Дрекслмаер Македонија преку долгорочен лизинг. На потпишувањето на овој договор присуствуваа тогашниот премиер Никола Груевски и екс вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести