Тој изјави дека вкупно над 400.000 припадници на армијата ќе бидат вакцинирани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2020 13:51

СЕРГЕИ ШОЈГУ: Над 400.000 руски војници ќе бидат вакцинирани, досега 2.500 од нив ја примиле вакцината

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Повеќе од 400 000 припадници на руската армија ќе бидат вакцинирани против новиот вирус на корона, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот на бордот на министри.

„Во согласност со упатствата на претседателот, започна вакцинацијата на персоналот на вооружените сили против инфекција со вирусот корона“, рече Шојгу на вчерашниот состанок, пренесува ТАС С.

Тој изјави дека вкупно над 400.000 припадници на армијата ќе бидат вакцинирани.

“До денес, вакцинирани се над 2.500 војници. Бројот на вакцинирани ќе се зголеми на 80.000 до крајот на оваа година”, рече Шојгу.

Воени експерти спроведуваат истражување за употреба на плазма на вакцинирани војници со високо ниво на антитела за лекување на инфекција со коронавирус, рече министерот за одбрана.

“Оваа методологија покажа ефикасност кај тешките форми на болеста. Во моментов, над 500 вакцинирани војници се вклучени во истражувањето”, додаде Шојгу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...