Според првичните информации, тие на нелегален начин присвоиле земјиште во државна сопственост а потоа истото и го легализирале за потребите на тениското спортско здружение Љуботен во време кога негов претседател бил членот на Судски совет, Теофиловски.

Објавил: Весна Петровска | 30 декември, 2019 11:46

Се бара член на Судски совет – Петмина приведени во Општина Тетово

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Член на Судскиот совет осомничен за злопупотреба на службената положба.

5 лица вработени како  службеници од општина Тетово се приведени утринава под сомнение за незаконска легализација и приватизација на земјиште. Од обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека по нивна наредба, за истиот случај, полицијата го бара бара и членот на судскиот совет, Зоран Теофиловски. Тој утринава не се појави на седница на советот која беше закажана за во 10 часот.

Освен петтемина вработени во општина Тетово и членот на Судски совет, од обвинителството велат со истрагата се опфатени уште четири лица. Сите се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според првичните информации, тие на нелегален начин присвоиле земјиште во државна сопственост а потоа истото и го легализирале за потребите на тениското спортско здружение Љуботен во време кога негов претседател бил членот на Судски совет, Теофиловски.

Од обвинителството велат дека истрагата за овој случај почнала на почетокот на годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести