На свадбената церемонија присуствуваат голем број на медиумски екипи, а Ало пренесува во живо од самата свадба.

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2019 17:15

СЕ ВЕНЧАА ВЕЉКО И БОГДАНА: Нивните погледи горат од љубов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ ја следи речиси целиот Балкан!

Свадбената веселба во Тител е на ниво, а младоженецот ја „купи“ невестата од татко и. Во тек е црквеното венчавање на младите во храмот СВ. Сава во населбата Врачар во Белград.

Вељко и  Богдана ги венчава духовникот од Цеца, Стефан Шариќ, а на венчавката присуствуваат повеќе од 250 гости.

„Е мој Вњељко, имаш жена Богдана, а кум Христ“ Тоа е знак од Бога дека ги имаш сите услови да живееш како крал“, рече духовникот.

„Сега и официјално стана снаа“, додаде Цеца.

Вељко и Богдана ги венчава духовникот од Цеца, Стефан Шариќ, а на венчавката присуствуваат повеќе од 250 гости.

Од рано утрово во домот на Цеца пристигнаа и музикантите, а идната свекрва не ја криеше насмевката на своето лице. Пред нивниот дом на Дедиње тој фрлаше по 50 и 100 евра на музикантите додека Цеца се веселеше со гостите.

Младоженецот за оваа прилика носи црно елегантно одело, додека Цеца е облечена во тигреста кошула и бели пантолани.

На свадбената церемонија присуствуваат голем број на медиумски екипи, а Ало пренесува во живо од самата свадба.

Во 19 часот ќе се венчаат пред матичар во елитниот ресторан каде потоа е закажана свадбата на деценијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.