Во моментов се градат 189 километри автопати, експресни и магистрални и регионални патишта или 610 милиони евра се инвестициите во автопатиштата, 168 милиони евра во експресни патишта и 12 милиони евра во магистрални и регионални патишта.

Објавил: Владо Марин | 30 декември, 2020 16:04

Се градат 400 километри патишта во вредност од 840 милиони евра и гасоводна мрежа со пазарна вредност над половина милијарда евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

840 милиони евра се инвестираат во 400 километри патишта во државата, соопшти премиерот Зоран Заев, на денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања.

„Во моментов се градат 189 километри автопати, експресни и магистрални и регионални патишта или 610 милиони евра се инвестициите во автопатиштата, 168 милиони евра во експресни патишта и 12 милиони евра во магистрални и регионални патишта.

59 километри автопати се градат во државата, 110 километри експресни патишта и 20 километри магистрални и регионални патишта. Дополнително се рехабилитираат 208 километри автопати, експресни и регионални патишта, во вкупна предност од 42 милиона евра“, рече премиерот Заев.

Тој објасни и до каде е реализацијата на гасификацијата.

„Гасификацијата се гради со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар, веруваме дека следната година можеме да почнеме од Гостивар кон Кичево, со конечна цел да стигнеме до Охрид, Струга и преку Ресен да го заокружиме прстенот. Гасоводната мрежа има пазарна вредност сега, со тоа што државата е 100 проценти сопственик, повеќе од пола милијарда евра. Тоа е национален гасовод на граѓаните на нашата држава“, рече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...