Втората постапка за отповикување на Трамп започнува денес во американскиот Сенат поради обвинувањата за „поттикнување бунт“ непосредно пред маршот на неговите приврзаници на Капитол Хил на 6 јануари, пренесува BBC.

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 февруари, 2021 10:31

СЕ Е СПРЕМНО ЗА ИСТОРИСКО СУДЕЊЕ: Сенатот на САД сака што побрзо да го отповика Трамп, одлучуваат републиканските гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сенатот на САД се подготвува за брза постапка за отповикување на Доналд Трамп.

Втората постапка за отповикување на Трамп започнува денес во американскиот Сенат поради обвинувањата за „поттикнување бунт“ непосредно пред маршот на неговите приврзаници на Капитол Хил на 6 јануари, пренесува BBC.

Демократите тврдат дека имаат „непобитни“ докази за вината на Трамп, додека адвокатскиот тим на поранешниот американски претседател возвраќаат дека демонстрантите дејствувале независно и оценува дека постапката во Сенатот е „апсурдна и неуставна“.

Трамп е единствениот американски претседател против кого е покрената постапка за повлекување во историјата на САД.

Доколку Сенатот одлучи да го отповика, Трамп никогаш не би можел да се кандидира повторно, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.