Се уште се отворени шест гласачки места во САД и Канада, каде гласањето трае до 19 часот според временската зона на земјата каде се гласа.

Објавил: admin@magazin | 4 мај, 2019 22:06

Се избира нов претседател во Македонија: До 19 часот гласале 46,16 проценти од дијаспората!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во 32 дипломатско-конзуларни претставништва до 19 часот своето гласачко право на шестите претседателски избори го искористиле 7.024 гласачи или 46,16 проценти од пријавените 1.781 гласач.

Вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска, иѕјави дека најголема излезеност до 19 часот има во Букурешт со 64,29 проценти, Сараево со 78,57 проценти, Брисел 63,27 проценти, Берлин 63,16, додека пак најниска излезеност  до сега е забележано во Рим 28 проценти и Абу Даби 20 проценти.

-Во 13 казнено-поправните установи од 1.640 гласачи своето право на глас го оствариле 74,13 проценти од запишаните.

Денеска гласаа и седум гласачи кои се водат како внатрешно раселени лица, како и 4.407 граѓани пријавени како болни или немоќни и 12 во куќен притвор. Првпат на овие претседателски избори гласаа и гласачи од два старски домови во Скопје, каде од 71 гласач своето гласачко право го искористиле 65, односно 91,54 проценти, рече Гугучевска.

Гугучевска изјави дека по добиените неофицијални информации од општинските комисии, изборниот ден поминал во мирна атмосфера. Според денешните гласања во дијаспората, Букурешт има најголема излезеност во дијаспората.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика