Соборот на Грчката православна црква на 12 октомври го призна правото на цариградскиот патријарх Вартоломеј, дека одобрува автокефалност.

Објавил: admin@magazin | 2 ноември, 2019 23:44

Се искараа Грчката и Руската православна црква: Жестоки провокации од Грција!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руската православна црква соопшти дека го запрела екуменскиот дијалог со архепископот атински и Грчки Јероним Втори, изјави шефот на одделението за надворешни црквени врски на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Иларион.

Рускиот патријарх Кирил во текот на службата нема да го спомене името на архепископот атински.

Истовремено, Руската црква ќе продолжи да води дијалог со претставниците на Грчката православна црква која не ги признава “украинските расколници” пренесе Супутник.

На 12 октомври Соборот на Грчката православна црква го призна правото на патријархот Вартоломеј од Цариград да одобри автокефалност. Соборот, исто така, му даде на архиепископот на Атина и на цела Грција право „да продолжи да се занимава со прашањето за признавање на Црквата на Украина“.

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) во јули и официјално го призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ).

Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним.

На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.