Пратениците обвинети за немилите настани во Собранието се во игра, исто како што е и Рангелова и Панчо Минов од ГРОМ, иако се шпекулира со уште најмалку четири имиња

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 10:42

Се “крчкаат” новите имиња за поддршка на уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако денес за прв пат се одржува седница на собраниската комисија за национално помирување од која треба да произлезе новото нацрт законско решение за селективна амнестија, пратениците веќе знаат што договараат.

Имено извесно е дека предлог законот за амнестија на Канческа Милевска ќе ги опфати пратениците од немилите настани во Собранието минатата година.

Официјално законското решение треба да се договори, неофицијално тоа е завршено и е дело на адвокатот Никола Тодоров.

Ова го знаат и обвинетите во судскиот процес, па вчера пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски го информираа Судот дека се откажуваат од давање одбрана пред Судот за настаните и упадот во Собранието.

Претходно исказ пред судот даде сведокот предложен од одбраната на Мукоски, Марија Ангелова која истакна дека во Собранието влегле поради љубов кон татковината.

Можно ли e кон тројката Арнаудов, Мукоски и Василевски да се приклучат и Димовски и Тарчуловски? Не се знае, но отворено се шпекулира дека уставните промени во завршната фаза се очекува да го добијат пратеничкиот глас и од пратеничката Даниела Рангелова како и од пратеникот Панчо Минов од ГРОМ. 

Со тоа Заев оценил дека би имал простор за амортизација на евентуалните уцени од Беса и Алијанса за Албанците кои сеуште калкулираат дали со своите четири пратеници ќе ги поддржат уставните измени откако не беа прифатени нивните осум нацрт амандмани.

Кој се уште на 20 јануари ќе гласа за самоукинување на Македонија и Македонскиот народ не е јасно, но од ден во ден е појасно дека главна улога сепак ќе имаат повторно притисоците и уцените, овој пат со лик и дело на Митко Јанчев и Никола Тодоров, потврдено со изјава од премиерот Зоран Заев, лично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести