Информацијата за самоубиството е потврдена се чека официјална потврда од Јавното обвинителство.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2019 13:28

НАЈНОВА ВЕСТ: Се обеси синот на екс-градоначалникот на Штип, Илчо Захариев !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс- градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Александар Захариев, синот на екс градоначалникот на Штип, Илчо Захариев се обесил ноќеска во викендичка во Делчево.

Утрината во 9.45 минути случајот бил пријавен во Итната помош во Делчево. Медицинска екипа веднаш се упатила до местото на трагедијата, но можела само да констатира смрт на момчето.

По десет минути пристигнале и екипи од други надлежни институции, кои извршиле увид на местото на настанот.

Од Обвинителството потврдија дека е направен увид на местото каде е пронајдено телото. Нема траги на насилство.

23 годишниот А.З веќе две години живеел мирно и повлечено во викендичката во селото Ѕвегор од каде потекнува Захариев.

На 1 ви февруари управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила кривични пријави против поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, директорот на ЈП „Стипион 2011“ И.И и Р.Г во својство на управител на правниот субјект „Коле транс“.

Пријавениот Илчо Захариев во својство на градоначалник на Општина Штип во текот на 2016 година ја злоупотребил својата службена должност и овластување, на начин што спротивно на Законот за јавни набавки и спротивно на Решението издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање, без да објави повик за јавна набавка за чистење на речното корито на реката Брегалница, на предлог на Советот на Општината, иако знаел дека ЈП „Стипион“ 2011 нема капацитети за вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај Софилари, а неискористениот речен материјал јавното претпријатие да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици“, се велеше во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...