Инаку како што објавија српскит емедиуми, наводно Вељко Ражнатовиќ вчера се степал со 36 годишниот К.С пред семејниот дом на семејството Родиќ во Титл, а по расправијата тој завршил и во полиција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 18:50

Се огласи адвокатот на Вељко: Откако го претепал соседот на Богдана кој завршил во болница го очекува пеколна казна!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера во медиумите излезе веста дека Вељко Ражнатовиќ го претепал соседот на својата сопруга Богдана, денеска се огласи и неговиот адвокат.

Викендов Богдана и новородениот син Жељко излегоа од болница, а нив ги пречека бабата Цеца и нејзиниот син Вељко, сопруг на Богдана…

-Се уште се утврдуваат околностите, не станува збор за кривична пријава. Се што се зборува во моментов се претпоставки. Сепак учесниците во овој инцидент признале дека дошле пред домот на Богдана каде таа била со штотуку роденото бебе заедно со Вељко кој потоа излегол пред нивниот двор и се случил целиот настан, вели адвокатот на Вељко.

Инаку како што објавија српскит емедиуми, наводно Вељко Ражнатовиќ вчера се степал со 36 годишниот К.С пред семејниот дом на семејството Родиќ во Титл, а по расправијата тој завршил и во полиција.

Имено Вељко прво сакал да го спречи инцидентот и ги замолил луѓето вклучувајќи го и сега веќе нападнатиот да не прават проблеми бидејќи дома му спие бебето, меѓутоа набрзо ескалирала ситуацијата.

По инцидентот полицијата на сослушување го повикала Вељко, а нападнатиот веднаш бил пренесен во болница.

Српските медиуми објави дека по налог на Основното јавно обвинителство против синот на Цеца ќе биде поднесена кривична пријава.

Инаку пред само два дена наследникот на Вељко, неговиот син Жељко излезе од породилиштето со својата мајка Богдана. Семејството ражнатовиќ славеше за внукот до раните утрински часови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.