Тој вели дека ова е само прв дел од неговата истражувачка сторија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 12:57

Се огласи италијанскиот новинар кој ги објави снимките од случајот “Рекет”: Го видовте првиот дел од снимките, ова е само почеток

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ларис Гајзер,, италијанскиот новинар во „Ла Верита“, кој денеска ја објави видео снимката од случајот „Рекет“, се огласи на својот Фејсбук профил преку статус.

Објавени снимки од случајот Рекет

Тој вели дека ова е само прв дел од неговата истражувачка сторија.

Денеска во „Ла Верита“ само првиот дел од мојата приказна, која докажува колку Европската унија, по поддршката за смена на режимот во Македонија, на начин со ограничување на нејзиниот суверенитет, се залагаше за воспоставување на Специјален Јавен Обивнител (Катица Јанева), која не само што илегално се меша во политиката, туку и ги рекетира луѓето! Мафијашки систем, кој работи директно под контрола на високопоставени политичари! Оние политичари, посакувани од ЕУ и од Сорос. Македонија има голем проблем на својот пат кон ЕУ… и ЕУ исто така! Могерини и Јункер се виновни за понижување на цела нација и за отворено поддржување се’ што е против нормалното владеење на правото, право толку гласно претендирано од Брисел! Во следните неколку денови ќе објавиме шокирачки документи кои искрено се надевам дека ќе и помогнат на Македонија да си го најде својот пат кон функционална демократија, се вели во статусот на новинарот.

Како што веќе објавивме,италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.