"Падна и АСНОМ! Е тогаш од вас ќе остане само она што во суштина отсекогаш сте биле – најдолни фашисти свежо конвертирани од титоисти во "демократи евро атлантисти"!"

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 9:04

Се огласи и режисерот Бојаџи, со порака до своите колеги за бришењето на АСНОМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонскиот режисер, Јани Бојаџи, човекот чиј филм “Ругање со Христа” беше цензуриран од страна на Владата, и како што и самиот изјави, лично Зоран Заев, на социјалните мрежи ги „подбра“ неговите колеги, уметници левичари, како што вели чии маски паднале.

Бојаџи се огласи на социјалните мрежи со следниот пост – порака:

Падна и АСНОМ!

Ама паднаа и маските драги мои уметници – лажни левичари! Молк, а? Нели бевте антифашисти?

Нели одевте по стапките на борбата за слобода? Нели ова, нели она…?!

Но, ќе дојде и денот кога ќе ви ги тргнат сите знамиња зад кои се криете! Е тогаш од вас ќе остане само она што во суштина отсекогаш сте биле – најдолни фашисти свежо конвертирани од титоисти во “демократи евро атлантисти”!

Не знам за другите ама за себе си знам, па ете ви порачувам – се гледаме на барикадите!

Смрт на фашизмот – слобода на народот! – напиша Бојаџи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...