Министерството за култура ги демантира шпекулациите пласирани во одредени портали за наводна оставка на министерот за култура Асаф Адеми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2019 15:43

Се огласи Министерството за култура по информациите дека министерот Адеми ќе си поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако утринава беше објавено дека министерот за култура Адеми ќе поднесе оставка поради здравствени причини, се огласија од министерството, од каде информираат дека оваа вест не е точна.

-Министерството за култура ги демантира шпекулациите пласирани во одредени портали за наводна оставка на министерот за култура Асаф Адеми. Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, велат од Министерството.

Адеми е добро познат кај јавноста по контроверзното доделување средства во годишниот конкурс на Министерството за култура.

Инаку веста беше пренесена од Независен весник, каде беше објавено дека наводно минстерот се повлекува поради здравствени причини.

Адеми на функцијата министер за култура дојде во јуни минатата година кога го наследи Роберт Алаѓозовски. Асаф Адеми е магистер по градежништво. Пред да биде избран за министер за култура, е директор на канцеларијата на INSCALE Global’s во Скопје, компанија која нуди услуги за развој на offshore на технолошките компании во Северна Европа. Има повеќе од 15 години професионално искуство во човечки ресурси, стратешко планирање, комуникација и управување со конфликти, и искуство во водењето и растот на големи организации. Во периодот 2009-2013 беше Амбасадор на Република Македонија во Кралство Данска и активно работеше на градење силни билатерални односи меѓу Кралството Данска и Република Македонија, како и на поддршка на интеграцијата на Република Македонија кон Европската заедница.
Во периодот од 2003 до 2009 година извршувал функции во Општина Гостивар како раководител на сектор за урбанизам и заштита на животната средина, раководител на одделение за локален економски развој, и како консултант во Одделението за имплементација на проекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести