Тој во телефонска изјава за Телма потврди дека го презема водството на Телевизијата.

Објавил: Весна Петровска | 16 октомври, 2019 11:57

Се огласи новиот сопственик на 1 ТВ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Се огласи новиот сопственик на Богдан Дамјановски.

Нов сопственик на 1ТВ, која има долг од 400.000 евра е извесен Богдан Дамјановски.

Тој во телефонска изјава за Телма потврди дека го презема водството на Телевизијата.

Поранешниот сопственик на телевизијата, Бојан Јовановски познат како Боки 13 е првоосомничен во корупцискиот скандал „Рекет“, а УЈП вчера најави дка ќе му поднесе и кривична пријава за затајување данок.

Името на Богдан Дамјановски се појавуваше во 2003 година кога како заинтересиран бизнисмен сакаше да го купи ФАС 11 Октомви со канадско-белоруски капитал.

Станува збор за 77-годишниот Богдан Дамјановски кој живее во скопската населба Кисела вода а за него воопшто ништо не се знае.

Тој е личноста која што во Управата за јавни приходи (УЈП) фигурира како нов сопственик на телевизијата „1тв“, објави ИРЛ

Како што објави ИРЛ, во разговар со извори вклучени во водењето на истрагата им било потврдено дека телевизијата сега има нов сопственик, односно дека дошло лице кое се претставило како новиот газда кој што со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.

Во Централниот регистар се уште не е направена официјална промена за сопствеништвото на фирмата која е соптвеник на телевизијата.

Долговите на телевизијата се околу 30 милиони денари, односно повеќе од 400,000 евра, според информациите на Управата за јавни приходи.

Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок, информираше УЈП на вчерашниот брифинг за новинари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.