Се чини дека Цуца ја најде својата сродна душа и се омажи, а објави фотографија на која позира во прекрасна елегантна венчаница. Сепак, пејачката не напиша ништо покрај фотографијата, додека можноста за коментар беше исклучена, а не наведе ниту кој е авторот на фотографијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 15:36

СЕ ОМАЖИ ЉУБОВНИЦАТА НА ШАБАН: Цуца го заборави кралот на народната музика и облече венчаница!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пејачката Ивона Неговановиќ Цуца на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е во венчаница, а покрај неа наводно е и нејзиниот сопруг.

Се чини дека Цуца ја најде својата сродна душа и се омажи, а објави фотографија на која позира во прекрасна елегантна венчаница. Сепак, пејачката не напиша ништо покрај фотографијата, додека можноста за коментар беше исклучена, а не наведе ниту кој е авторот на фотографијата.

Инаку јавноста ја познава Цуца како долгогодишна љубовница на покојниот крал на народната музика. Додека беше жив медиумите постојано објавуваа за нивната наводна врска.

Таа минатата година во едно интервју истакна дека со Шабан Шаулиќ поминала 15 години и истакна дека со него никогаш не била од интерес за пари, туку од љубов.

– Никогаш не барав ниту примав пари од него, или да сум барала нешто скапо да ми купува. Тоа никогаш. Живеев со него заради љубов и тоа беше доволно за мене, имам и син од него. Тој ми носеше храна од нивната куќата и на Гордана, а за мене беше специјално спремена храната која беше потоа донесена во Крчедин, обично беше подготвена од домашната помошничка Вида, па дури и од неговата сестра Сарајка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.