За време на разговор со новинар, Дарко рекол дека не сака да се споредуваат неговата сегашна и поранешната сопруга.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2019 10:54

„Се ослободив од зло од жена“- Дарко Лазиќ веднаш удри по Ана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот пејач Дарко Лазиќ и неговата сега веќе поранешна сопруга Ана Севиќ пред неколку дена официјално се разведоа, а многумина ги изненадила неговата изјава за поранешната сопруга.

Дарко Лазиќ е свршен со сегашната своја партнерка Марина со која очекува бебе а Ана Севиќ исто така е во нова љубовна врска.

За време на разговор со новинар, Дарко рекол дека не сака да се споредуваат неговата сегашна и поранешната сопруга.

„Те молам, веднаш ќе се оградам. Не сакам во ниту еден момент да ги споредувам Ана и Марина. Па тоа би било како од тебе да барам да споредиш нешто неспоредливо – изјавил Дарко, додавајќи :Се ослободив од зло од жена. Животот ме награди и сега нема да ја споменувам поранешната сопруга во никаков контекст. Тоа е минато за мене, живеам нов живот. Ова е мојот нов живот, Марина и Алексеј. Можам да зборувам само за Марина – рекол тој и додал дека со Марина целосно си одговараат, иако е помлада од него 8 години, па и дека секоја жена би посакала да изгледа како неа во бременоста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.