На последната седница пред истекувањето на вонредната состојба, владата донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, одобри барањата за помош на фирми и донесе уредби за поддршка на ученици и студенти.

Објавил: Владо Марин | 14 јуни, 2020 1:06

СЕ ОТВОРААТ ГРАНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Дозволен транзит за странци, но мора да излезат за 5 часа!

Фото/Текст извор: ©Р. С. Европа/Магазин.мк

Во соопштението по вечерашната владина седница нема ниту збор за вонредната состојба, која истекува на полноќ. Со тоа се отвора патот за одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јули, пишува Р.С. Европа!

Премиерот Оливер Спасовски денеска рече дека нема потреба од вонредна состојба и оти избори мора да има. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, рече дека е подготвен за отстапка за изборите да се одржат на 8 јули. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема услови со оглед на големиот број заболени од коронавирус.

На последната седница пред истекувањето на вонредната состојба, владата донесе Протокол за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, одобри барањата за помош на фирми и донесе уредби за поддршка на ученици и студенти.

До целосна либерализација на режимот за влез и излез од земјава, странците ќе може непречено да транзитираат низ Македонија, но само користејќи ги граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. При транзитирањето низ Македонија нема да смеат да излегуваат од соодветниот автопат или локален пат и земјава мора да ја напуштат за 5 часа.

Вечерва истекува четвртата по ред вонредна состојба, а лидерите на политичките партии се уште не се договорила за датумот за избори.

Изборите првично беа закажани за 12 април, а парламентот се распушти на 16 февруари, но поради пандемијата на коронавирус изборите беа одложени, а на 18 март беше прогласена вонредна состојба од 30 дена, која од тогаш се продолжува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.