Презентиран нацрт предлогот за основање на научно-технолошки парк во Скопје.

Објавил: admin@magazin | 12 декември, 2018 11:32

Се отвора научно – технолошки парк во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Кон крајот на 2019 година ќе биде готова првата фаза од отворањето на научно – технолошки парк во Скопје. Според предлог концептот, тој ќе биде сместен во комплексот технички факултети на УКИМ во населбата Карпош 2.

 Фондот за иновации и технолошки развој е одговорен за проектот кој денеска го презентираше нацрт предлогот за основање на научно – технолошки парк во Скопје. По завршувањето на првата фаза, во втората етапа е предвидено негово проширување во следните пет години со изградба на нови капацитети и лаборатории.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во својата изјава вели дека е многу задоволен од својата презентација на нацрт проектот и исто така изјави дека се обезбедени финансии за овој проект да се реализира во стварност.

„Среќен сум што имаме не само презентација на извонредна студија која што ја финансираше и Европската унија, туку за разлика од други проекти или стратегии, веќе се обезбедени и целосни финансиски средства и целосна конструкција за тој да стане реалност“ изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

Научно – технолошкиот парк во Скопје ќе биде раководен од самиот универзитет.
Според директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, концептот се заснова на три столба, и тоа дигитализација во економијата, општеството и државните институции; трансфер на технологии; и акцелерација на старт – ап компании и нивна интеграција во паркот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...