Државата на цар Самоил е “Склавинија”, а не “Македонија”, бидејќи веќе постоела држава “Македонија”, т.е. “Македонско (Средновековно) Царство” со престолнина Константинопол

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 8:24

Се откажавме од Самоил, а тогаш Бугарија не ни постоела

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Д-р Петар Поповски, познат историчар, научник, истражувач и публицист со историски факти се огласи на социјалните мрежи, повикувајќи дека е далеку од здравиот разум цар Самоил да се прогласи за бугарски цар.

Поповски во својот текст, јасно укажува дека за време на владеењето на цар Самоил, Бугарија како држава или форма не ни постоела.

Во времето на Самоил не постоела држава под името “Бугарија”.

Таа тогаш мала државичка го носела името “Паристрија” и тоа име суштествувало се до 1878 година.

Таа земја под името “Бугарија” започнала да се именува дури по “Берлинскиот конгрес” (1878 година). Тоа е историски факт.

До тој период во ниту еден извор не се содржи тоа име, името “Бугарија”. Едноставно го нема, не постоел. Се среќава само во фалсификувани пишани извори создадени по 1878 година, т.е. на крајот од XIX и од XX век.

Целата бугарска историја е градена врз фалсификати, со грабежи од богатата македонска национална историја.

Од нејзиниот таканаречен “Хански период”, во време на владеењето на татарските и монголските ханови, нема ниту еден забележлив настан со кој може да се пофали таа земја. Сите настани и личности се македонски, украдени (присвоени) од бугарската псевдо наука и историографија.

Нивните “историчари” тоа совршено добро го знаат и продолжуваат упорно да ја крадат македонската изворна историја, култура, традиција и цивилизација.

И едно појаснување. Државата на цар Самоил го носела името “Склавинија”, а не “Македонија”, иако владеел со централниот дел од таа земја, бидејќи во тоа време веќе постоела држава под името “Македонија”, т.е. “Македонско (Средновековно) Царство” со престолнина Константинопол.

Современик на цар Самоил бил македонскиот император Василиљ II Македонски, кој ги ослепел Самоиловите наемни војски составени од Татари.

Бугарите, сакале или не, ќе дојде ден кога вистината за сите грабежи ќе излезе на виделина. – пишува Д-р Петар Поповски

*Цар Самоил 958 – 1014 година бил средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Државата која ја создал е позната како Самуилово Царство, а еден дел од историчарите, за да направат јасна разлика помеѓу новата држава која ја создал Самуил и царството на бугарскиот цар Симеон I (Прво Бугарско царство), го нарекуваат Македонско словенско царство, Македонско царство или Западно бугарско царство.

Поголемиот дел од бугарските и еден дел од светските историчари го сметат за Бугарско Царство според некои историчари Самоил бил владетел на Првото бугарско царство.

Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самуилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот.

Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести