Катица Јанева од пред два дена е во домашен притвор, а е обвинета за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев.

Објавил: Весна Петровска | 22 ноември, 2019 12:46

СЕ ОФАЈДИ ПОРАДИ ДОВЕРЛИВОСТ: Јанева добивала бонуси од 4.000 евра месечно

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Новата апликација на Министерството за финансии „Отворени финансии“ открива дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно.

Овие 157.000 евра во периодот од нешто повеќе од 4 години Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, јавува Призма.Најголемиот дел од бонусот е додатокот за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „други трансфери“ кој срател од 1.600 евра, па 2.200 и сѐ до 4.000 евра неколку пати во текот на секоја година или вкупно 46 пати.

Катица Јанева од пред два дена е во домашен притвор, а е обвинета за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.