Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 милиони денари.

Објавил: Владо Марин | 12 септември, 2020 22:18

Се падна 7-ка на Лото, среќниот добитник освои половина милион евра

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вечерашното извлекување на Лото се падна највредната добивка – седумката. Среќникот ќе добие 31 милион денари, или околу 500.000 евра, објави Фокус!

Ливчето е уплатено во Алек Табак Битола 1 – Битола.

Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 милиони денари.

Државна лотарија е современо акционерско друштво, за одговорно приредување игри на среќа за граѓаните на територија на Република Македонија.

Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Државна лотарија, активно придонесува во збогатување на содржините и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на нашата земја.

Компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Тимот на Државна лотарија посветено работи на понуда и пласман на разновидни интересни игри на среќа со атрактивни премии, преку кои граѓаните ширум земјата, со симболично учество, низ забава, имаат можност за освојување парични и стокови добивки.

Се побројното семејство среќни добитници што секојдневно се збогатува со нови среќни стории, имиња и адреси од различни краишта на земјата, ги оправдува и потврдува заложбите за основање и градење на компанијата. Со акцент на доверба и сигурност, компанијата работи во согласност со највисоките светски стандарди во областа на делување и применува најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот.

Компанијата бележи континуиран раст и развој и флексибилно одговара на сите предизвици на домашниот пазар и светските трендови. Согласно стратегијата за развој, Државна лотарија ги јакне и збогатува сопствените ресурси во чекор со европските и светски текови во дејноста, инвестирајќи во кадрови и технички ресурси.

Во постојана двонасочна комуникација со играчите ги следи очекувањата и потребите на нашиот пазар и соодветно имплементира новитети со цел подостапни можности за забава и добивки и понуда атрактивни премии.   

Државна лотарија е членка на Европската асоцијација на лотарии што овозможува редовна размена на искуства со тимовите на државните лотарии на Европа, што се одразува на побрзиот раст и развој на компанијата. Во домашни рамки, Државна лотарија е докажан бренд и активен општествено одговорен субјект кој континуирано инвестира во сопствениот развој, како и во подобрување на квалитетот и содржините на живеење на граѓаните на нашата земја.

Портфолиото на игри на среќа од типот на игри со извлекување добитни бројчиња, инстант лотарија и електронски игри на среќа е во постојан раст. Планскиот развој на компанијата се заснова на стратешки пристап во дисперзирање на мрежата на уплатно-исплатни места, зголемување на дијапазонот на понудата со нови игри на среќа и внесување новини во постоечки игри на среќа.

Јакнењето на брендот и популаризацијата на игрите на среќа се рефлектираат на проширување на кругот на среќни добитници и се поголемата инвестиција во општествено корисни цели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.