Тешкотии во дишењето, солзење и црвенење на очите, течење на носот, па дури и астматични напади се симптоми кои ги носат пролетните алергии

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 16:35

Се поголем е бројот на лица кои патат од пролетни алергии во Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пролетта е речиси на прагот а заеднос о неа доаѓаат и досадните пролетни алергии. Секако пролетта сама по себе е можеби најубавото годишно време, но оние кои страдаат од алергии не се баш среќни за нејзиното доаѓање.

Тешкотии во дишењето, солзење и црвенење на очите, течење на носот, па дури и астматични напади се симптоми кои ги носат пролетните алергии.

Мајчина душица,домашен мед,прополис,масло од црн ким,коприва се пет природни намирници со кои може да ги спречите пролетните алергии.

Според лекарите зголемен е бројот на лица кои страдаат од природни алергии, односно секој четврти жител на Македонија има алергиски ринит. 

Како да познаете дали сте алергични? Многу лесно, ако ќивате и доколку почувствувате потешкотии во носот кога сте покрај расцветани дрвја, значи сте алергични.  Лекарите, велат дека алергиите се јавуваат на рано цветачки дрва, полен на бреза, јасен, бука, леска. 

Докторите советуваат оние кои се алергични на полен да пијат многу вода, бидејќи колку повеќе пиете вода, толку повеќе слуз може да направи вашето тело а колку повеќе слуз имате, толку сте поспособни за борење со сите оние причинители на алергии со кои секојдневно се сретнувате.

Треба да знаете дека пролетните алергии не треба да се причина да се затворите дома, бидејќи и таму се достапни алергиите. Најдобро е да поставите навлажнувач за воздух во домот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...