Првото големо поместување е промена на трасата на гасоводните цевки надвор од територијата на Македонија, со што се губи "гаранцијата на стабилност" која доаѓа со нив.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јуни, 2020 0:02

Се поместуваат тектонските плочи на Балканот, најголем губитник „Македонија„

Фото/Текст извор: ©Роберт Милески

Жалосно е што поради дневнополитички глупости не можеме да се осврнеме на нешто многу посериозно што се случува во регионот, а верувајте се случуваат тектонски поместувања и сите на наша штета. Првото големо поместување е промена на трасата на гасоводните цевки надвор од територијата на Македонија, со што се губи “гаранцијата на стабилност” која доаѓа со нив.

За да процените зошто некој играл како што играл, доволно е да погледнете кој од ова губи, а кој добива, ставете ги земјите губитници на една и земјите победници на друга страна и веднаш ќе ви стане јасна големата игра во која Македонија ја вплетка будалестиот Заев и неговиот тим, заострувајќи ги односите со една голема сила, наивно и веројатно убедени од други да работат против државните интереси, преку бркање нивни дипломати и слични потези (нашиот министер за надворешни се дрзна дури да им кажува како да се однесувале со Украина за да сме имале соработка, ете до толку сме забегани).

Втората е очигледното формирање на голема Албанија, преку формирање царинска унија, војска и уште неколку други битноврзувачки договори помеѓу Албанија и Косово.

Авторот на оваа Фејсбук Колумна која датира од 2018 година, Роберт Милески, е “фејсбукач” кој милува да ја критикува власта. Така тој во еден поранешен пост на својот фејсбук напиша: “Како ќе изгледа еден ден од иднината поминат во Скопје:
„Се играш во луна паркот од 2 милиони евра, па одиш да направиш кругче на панорамското тркало од 18 милиони евра. Така со извртен ум ќе ја посетиш рајската градина со фазани и мајмуни во Аеродром од 15 милиони евра, за на крај ептен да забегаш кога ќе го посетиш шимпанзото во кафез вреден 230 илјади евра.
На крајот на денот, така забеган, се качуваш на една од галиите, мислејќи дека конечно ќе те одведе во некоја нормалност, кога сфаќаш дека и таа ти ја забетонирала твојата иднина.” Смешно или не сегашната власт(а која според сликите ја поддржувал и Милески)ја задолжи Македонија дури со три милијарди Евра, ама не направи ниту барем едно панорамско тркало, кое пак ке беше радост за децата. ,Милески е инаку според сосптвена Информација успеешен бизнисмен од Германија и вработува дури 12 програмери од Македонија, што кумулативно проесметано произлегува дека прави обрт од најмалку еден милион Евра годишно што секако е за пофалба и доказ за успех.

За ова само ќе додадам, сега сите сили се свртени кон Косово. Кога ситуацијата ќе ја стабилизираат онака како што им одговара, сите тие сили ќе ги прешифтуваат кон Македонија, таа северната, уништена, ослабена, со руинирана национална гордост кај Македонците благодарение на најголемото предавство во нашата историја.

Тоа бидете убедени дека ќе доведе до целосна промена на општественото уредување во новата северна Заева држава, ова што сега се случува за брзо време ќе ни изгледа како небитна промена за разлика од она што следи, а тоа ќе биде на огромна штета на Македонците, посебно оние што живеат во подрачја на голема Албанија.

Македонија, за брзо време, онаква каква што ја знаеме, ќе престане да постои.

Прво го менуваат името, потоа ќе ги обезличат институциите, за на крај да ги променат химната и грбот. Потоа ќе следи постепено декомпонирање на сегашното политичко уредување, иако мислам дека прво ќе се оди кон автономија, за потоа да се премине кон кантонизација со цел гранично редефинирање. Лично сум уверен дека Албанците засега нема да прифатат разграничување, туку повеќе ќе одат на виртуелно заедништво за да можат со тоа максимално да ги прошират териториите на влијание, а дефинитивното исцртување на линиите на поделба ќе следи многу подоцна, тогаш кога ќе мислат дека освоиле доволно.

Притисокот, како што сме сега тргнати и не се промениме под итно, за жал не мислам дека ќе го издржиме, оти за првпат успеаја да нѐ пробијат одвнатре, оти, како рекол римскиот мислител Цицерон уште пред новата ера – “народот може да ги преживее будалите, па дури и оние амбициозните, но предавството одвнатре – никако. Непријателот однадвор е познат и тој тоа гордо го кажува. Предавникот одвнатре ја разорува душата на народот поткопувајќи ги неговите темели.

Тој шири зараза во политичкото тело сѐ додека народот не подлегне на таа болест”.

Авторот на текстот е Роберт Милески, активист!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...