Жалосно е што поради дневнополитички глупости не можеме да се осврнеме на нешто многу посериозно што се случува во регионот, а верувајте се случуваат тектонски поместувања и сите на наша штета. Првото големо поместување е промена на трасата на гасоводните цевки надвор од територијата на Македонија, со што се губи “гаранцијата на стабилност” која доаѓа со нив.
За да процените зошто некој играл како што играл, доволно е да погледнете кој од ова губи, а кој добива, ставете ги земјите губитници на една и земјите победници на друга страна и веднаш ќе ви стане јасна големата игра во која Македонија ја вплетка будалестиот Заев и неговиот тим, заострувајќи ги односите со една голема сила, наивно и веројатно убедени од други да работат против државните интереси, преку бркање нивни дипломати и слични потези (нашиот министер за надворешни се дрзна дури да им кажува како да се однесувале со Украина за да сме имале соработка, ете до толку сме забегани).
Втората е очигледното формирање на голема Албанија, преку формирање царинска унија, војска и уште неколку други битноврзувачки договори помеѓу Албанија и Косово.
За ова само ќе додадам, сега сите сили се свртени кон Косово. Кога ситуацијата ќе ја стабилизираат онака како што им одговара, сите тие сили ќе ги прешифтуваат кон Македонија, таа северната, уништена, ослабена, со руинирана национална гордост кај Македонците благодарение на најголемото предавство во нашата историја.
Тоа бидете убедени дека ќе доведе до целосна промена на општественото уредување во новата северна Заева држава, ова што сега се случува за брзо време ќе ни изгледа како небитна промена за разлика од она што следи, а тоа ќе биде на огромна штета на Македонците, посебно оние што живеат во подрачја на голема Албанија.
Македонија, за брзо време, онаква каква што ја знаеме, ќе престане да постои. Прво го менуваат името, потоа ќе ги обезличат институциите, за на крај да ги променат химната и грбот. Потоа ќе следи постепено декомпонирање на сегашното политичко уредување, иако мислам дека прво ќе се оди кон автономија, за потоа да се премине кон кантонизација со цел гранично редефинирање. Лично сум уверен дека Албанците засега нема да прифатат разграничување, туку повеќе ќе одат на виртуелно заедништво за да можат со тоа максимално да ги прошират териториите на влијание, а дефинитивното исцртување на линиите на поделба ќе следи многу подоцна, тогаш кога ќе мислат дека освоиле доволно.
Притисокот, како што сме сега тргнати и не се промениме под итно, за жал не мислам дека ќе го издржиме, оти за првпат успеаја да нѐ пробијат одвнатре, оти, како рекол римскиот мислител Цицерон уште пред новата ера – “народот може да ги преживее будалите, па дури и оние амбициозните, но предавството одвнатре – никако. Непријателот однадвор е познат и тој тоа гордо го кажува. Предавникот одвнатре ја разорува душата на народот поткопувајќи ги неговите темели.
Тој шири зараза во политичкото тело сѐ додека народот не подлегне на таа болест”.
Авторот на текстот е Роберт Милески , активист
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.