- Добредојде сине мој Ијан. Ти благодарам Господи- напиша Нора.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2020 18:40

СЕ ПОРОДИ НОРА ШАЌИРИ: Фатиме пресреќна – Ми се роди внук фраер!

Фото/Текст извор: ©Ж.магазинн

Нора Шаќири се породи. Радосната вест со пријателите и јавноста ја сподели на Фејсбук.

– Добредојде сине мој Ијан. Ти благодарам Господи- напиша Нора.

Името Ијан е варијација од името Иан.
Инаку значењето на името Иан е „Бог е милостив“. Станува збор за име со Еврејско потекло, форма на Јован, потекнува од зборот Johanan. Варијации на името: Јован, Иван, Јан, Јохан.

Поранешната обвинителка Фатиме Фетаи за Репортер вели дека е пресреќна што нејзиниот внук е здрав. Таа е блиска пријателка на Нора Шаќири.

Тежи 3.800 и е вистински фраер.

За Женски магазин, Нора неодамна искрено раскажа дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските биле збунети и заплакале од среќа.

Нора открива дека била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно, поради проблемите со тироидната жлезда со кои се бори долги години.

Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.